предвреме прил.
предвремен прид.

предвреме (прил.)

Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Само да не го разбудам предвреме. Чувај боже, и брани!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отвориле предвреме, или затвориле по одредениот час.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се изми надве-натри, покасна и уште предвреме си го зеде сакулето со таблата и букварот и излезе од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и `рскавичав реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нивната извидница и стража предвреме нѐ откри и нѐ забраа со камења низ потокот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дувам во јаката од палтово, но пареата е немоќна да лизне со топлина: предвреме замрзнува и се лепи со сињат по влакната на јаката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја задржа пред вратата и утринската свежина, да не се вовре внатре и предвреме да му ги разбуди гостите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто за ваков ситна работа да гнијат тебе коските и предвреме да лежиш во гробот?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На мајка му Златица ѝ се родија многу деца, но ѝ изумреа; ги раѓаше предвреме, осумчиња, и не ѝ траеја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Квалитет најдобар. Сите термини предвреме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Насекаде, крај ѕидот, можеа да се видат предвреме пробудени деца, уште во матен, тежок сон, гурелави, посинети и во треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Дедо не умира за инает... - велеше зет му Дукле, - зашто предвреме му ископавме гроб...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мажите точно знаеја што го предизвикува навалувањето на жените, но знаеја и дека одењето дома, предвреме, крие непријатности во себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и 'рскавичен реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе