предност ж.

предност (ж.)

Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Доставувањето на реферати во секој поглед имаше предност над секоја друга работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да забележав прв, сега јас ќе можев да ја имам предноста со која се здоби овој што клекна пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оваа предност на уметничкото доживување на нов начин истовремено е и нејзина најголема мана, бидејќи за разлика од генуината уметност, којашто допира речиси до секој човек, таа е резервирана само за оние кои мораат претходно да се доведат во иста состојба на променета свест и на нови естетски вреднувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Посебно е несериозно намалувањето на потенцијалните проблеми што би ги предизвикала легализацијата покрај преувеличувањето на потенцијалните предности.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На почетокот се бунев, објаснував, ја тргав железната завеса, ги набројував републиките, верите и јазиците, ги откривав адутите, убавините на Дубровник, ја истакнував разновидноста од култури и пејсажи во малата балканска земја, дрдорев за убавината на нашиот брег, чистотата на нашето море, за предноста на нашето самоуправување, нашата релативна демократија, нашиот пасош кој секаде го признаваат, нашата позиција помеѓу Запад и Исток, нашиот софт-комунизам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во својата корисна книга Translating Poetry, Seven Strategies and a Blueprint, Андре Лефевр прави компарација на преводот на Катуловите 64 Песни, но не со цел да направи компаративна евалуација, туку да ги покаже проблемите а во одредени моменти и предностите на одреден метод.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Толку е тешко, по сѐ, да се рече кои се предностите а кои непогодностите од овие избирања.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да му се препушти иницијативата на сопствената смрт значи да му се препуштат сите предности на револуцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа трговијата, политиката, секогаш ќе бидат во предност над уметноста, филозофијата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој работи многу за да пронајде начин кој ќе му обезбеди предност во ситуации на живот или смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Голема предност на Јапонците и Германците беше што ја изгубија втората светска војна и што беа сите нивни индустриски обрати уништени. Ние сѐ уште правиме “willow run” бомбардери.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако некоја фирма избие напред таа со тоа ќе добие дополнителна 86 okno.mk предност па разумно водена стратегија или среќа можат да решат дали компанијата ќе стане предводник во својата област.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во духовен и временски поглед Италија беше во предност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слободоумците, секако, можат (со лична одговорност за тоа) да сметаат дека пред лицето на природните закони е сеедно, дали прастар оклоп или куса облека на кочијашот го облекува началникот, но во очите на искусните и сериозни луѓе, ова прашање секогаш ќе има предност пред другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уметникот во својата осаменост создава нова онтологија и ги испитува нејзините предности или нејзината злокобност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа ѝ осигурува на масата подолготрајна предност, бидејќи другите веруваат дека таа е отуѓена и таа ги пушта да веруваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК