предомисли св.

предомисли (св.)

Застана под прозорот и сакаше оттука да повикне, да провери дали Тоше е дома но се предомисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еднаш ги рашири крилцата, како да сакаше да подрипне и да се спушти на снегот, но се предомисли и си остана на гранчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го вади револверот и го полни. Но уште не довршил, се предомислува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Единствен долномаалец што се предомисли и ѝ пријде на Бузовата дружина е Марко.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Откако сосема го повлече стапот во дупката, Зајачето му викна на Волчко: - Се предомислив, не излегувам, не им верувам на твоите остри заби!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но се предомислува. Нѐ внесува во училницата кај курсистите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но пред самата врата од куќата се предомисли.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, се предомисли. На одење, го зеде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, беше цврсто решен - нема да им дозволи да го предомислат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури и сега му се чинеше сосем можно дека девојката, кога ќе се сврти и ќе го погледне, ќе се предомисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше да биде испарена, можеше да изврши самоубиство, можеше да биде префрлена на другиот крај од Океанија: најлоша и најверојатна од сите можности беше дека едноставно се предомислила и решила да го одбегнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, навреме се предомисли. Се сети дека тоа би ја гибнало во најосетливата точка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Винстон повторно го обзеде ужасен страв. Нема да дојде, се предомислила!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакаше да запре. Да влезе. Но, се предомисли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нека се напие и Иван Степанович, се разбира, ако се предомисли!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мајко, дојди и ти со нас. Не сме далеку. Ако се предомислиш, брзо ќе се вратиш!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Возачот, изваден од памет, најпрвин се двоумеше дали да кочи, убеден дека таа ќе се предомисли и ќе се тргне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не смееш да се обесиш, мора да се предомислиш! Не се самоубивај и омажи се за мене!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе