пред (сврз.)

Реформите руско-австриски, штом се меѓународен акт, ќе им даваат право секогаш на Македонците да настојуваат пред големите сили да се исполнат во целост.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред да почнат да ручаат, Митре му се стегнал на деда Гера смешка да му каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Немаше зошто – пред да јави момакот дека дошол некој од Брезница, тој беше тука, заедно со Дика и седеше на местото каде што после седеше Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Бошко се ведна да го крене некако Мирчета пред да излезе, кога – здогледа како борината ја потпали сламата што беше наоколу и пламенот се шири.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ дури останува пред нас барем уште едно парче ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега со метлата ја собра и она половинка од недопушената цигара, се посмеа кога си спомна како ја тресна ноќеска Претседателот таа половинка цигара, пред да стане да пука, или додека стануваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред црквата чешма, нови стомни, мевлем вода, во млазови.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Една искра најдолго се мачеше во мракот, Стоеше пред кандилото, молеше пред прозорецот да се отвори, И кога ѝ откажаа нејзините невидливи крилца Сѐ уште светкајќи падна на мојата дланка И како на студена постела легна – и згасна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во мрачкото беше: кокошките легнати, пред да ме стегне забот, слушам: - Јонице, мори, вика некој однадвор, дома ли си или не си, Велико, слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Долго време лежев со заврзана, со дасчиња стегната нога, дури пред крај на летото почнав повторно да проодувам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пред да помине голема војска, вели, излегуваат многу жаби, гасеници и скакулци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па и првиот човек, пред да запали оган, морало да си ги изгори прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Зошто не јадеш? - ме праша баба ми. - Не мисли на дедо ти, животот е пред вас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кружат јата на секакви мршојадни птици како од цел свет да се собрале; се бијат во воздухот пред да слетаат на земја за да останат што помалку на пленот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И пред сто години сум се мачел вака. И пред илјада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе