презадоволен прид.

презадоволен (прид.)

Додека Бошко премираше од страв дотогаш Дико беше презадоволен од работата, зашто таков беше неговиот план: колку Бошко ќе биде поисплашен, толку тие со Лумана ќе можат да бараат повеќе од него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А двете братчиња, двајцата бестрашни ловци, Митко и Сашо беа презадоволни од денешниот лов.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Презадоволни од Југословените Инжинерот Петар Полак е главен надгледувач во Купелни Остров од страна на инвеститорот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уморниот полициски комесар Руслан Федари, инаку директор на „Филип Б“, беше презадоволен од финансиските ефекти на неговата фирма во последно време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Андон беше презадоволен од начинот на кој работеше Азра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)