презаспие св.

презаспие (св.)

И после ќе се мачам да презаспијам, пак да ми дојде да се видиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или немаше да ја чујам како слегува по скали туку ќе чуев само кога вратата ќе крцнеше. Презаспивав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)