прек (прид.)

Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Бак, бак, бак, шејтан — ѓелин1, — процеди тој преку двата предни заба.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мавни ми се од патот зашто, жими најмилото, ќе минам преку тебе. - Ќе минеш но твојата ѕвезда ќе догори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие летото го сакаат како мајка. Прават малечки мостови преку потокот. Прават брани, воденици. Но најчесто мостови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ги залував недопишаните тетратки, размислуваше Влатко, ќе имам преку цела година листови за концепт, прибелешки, вежбање и за слободни активности.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Одредена терминолошка недоследност забележуваме при дефинирањето на установата како „деловна единица“, посебно ако се знае дека под овој поим се смета постојано место на активност преку кое или во кое се врши, целосно или делумно, стопанска дејност, како составен дел од одредено правно лице.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК