премачка св.

премачка (св.)

Истрив рака во прашината на ќумурот и ја премачкав мачката преку светлата дамка под увото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас ќе ти дадам еден Суворов, ќе го премачкам со златна боја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нивниот кираџија, руски емигрант и продавач на мали гипсени фигури премачкани со црвена и златна боја, познат под името Генералстап, победнички се удираше со големата тупаница по разграштените влакнести гради и во бас со смешен јазик говореше: - Вода, вода! Мачки, мачки!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа го правеа и лекарите во војната: им ги премачкуваа раните на војниците со мед за да не им загнојат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Завршува со премачкувањето на еден светец. Нечујно му приоѓа на Михајло зад грб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Попов е против премачкувањето на фреските. Ќе одам кај Кајмакамот. Ќе му објаснам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Утре ќе бараат да се премачкаме самите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од половина нагоре голи, по целото тело, и преку гајќите, до стопалата на нозете премачкани со шарлаган, борачите тргнаа од Ат Пазар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Баба ми се смееше и тоа го забележав по белите прекрасни заби што ѝ блескаа во темнината окружени со усни премачкани со црвен кармин. Ама, смеењето не ѝ го слушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Презриво ми ја подаде фигуринката – беше само обично книжно топче, премачкано со жолто.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дали заради пожолтената маслена боја со која беа премачкани ѕидовите или заради времето кое течеше побавно, не знам...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Третата пролет откако ги раселив глувчињата или откако тие ме населија, го сретнав првиот сосед во селото, познат сликар кој тешко продаваше од своите дела, заради што темно, сувосано лице, премачкано со боја на гареж, на дим.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе