преноќиште ср.

преноќиште (ср.)

Се повлековме од широчината. Знаевеме дека гостољубивото преноќиште на стариот автомобил ќе има нов мраколик гостин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Христијанските манастири често служеле за заслонување и престој на дервишите, а во имаретите, добротворните кујни градени покрај џамиите, во кои се делела бесплатно храна и преноќиште, рамноправно престојувале и христијани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И во добротворните кујни (имаретите), кои обично се наоѓале покрај поголемите џамии, а во кои се добивала бесплатна храна и преноќиште често престојувале и христијани со подеднаков третман како и муслиманите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)