прерасне св.

прерасне (св.)

Токму тоа го изнесе на видело македонскиот „национален сепаратизам”, од кое после произлезе и образувањето на „Комитетот за придобивање на политичките права на Македонија дадени од Берлинскиот договор“ во Солун (1893) што прерасна во моќната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јазот од детството прераснал во опасна река, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Маката прераснуваше во гнев и омраза...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од баталјон прераснавме во бригада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Отпрвин малку нељубезно го прифати нашето запознавање но тоа набргу прерасна во попатно мало пријателство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттука па натаму, крекот прераснал во дрога за широка потрошувачка посебно во седумдесеттите, кога корисниците почнале сами да го произведуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш сѐ уште не насетував дека сликата на некој кој се затекнал во празна куќа ќе прерасне во постојано чувство на бездомност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа првобитна интуитивна наклонетост подоцна прерасна во вистинска страст и стана дел и начин на Кејџовиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сивилото на вештачките раеви на некој начин прераснува во култ, под услов тие да ја достигнат возвишеноста на една (не)култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговата примитивност прерасна во хиперболичност и нечовечност на еден свет кој ни измолкнува и кој во многу нешта го надминува сопственото морално, општествено или еколошко толкување. okno.mk | Margina #10 [1995] 61
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вечерата прерасна во убав празник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе