преселба ж.

преселба (ж.)

Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
4. Господова рожба беше сето тоа: и преселбите и шумскиот од и псалмот што ѕунеше од мислата и омјазот на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа беше одушевена по повод таа преселба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неа Татко како алхемичар на идеите на животот можеше успешно да ги претскажува настаните на Балканот и пошироко, да ја насетуваше блиската војна, да го одредува времето за преселбата, минувањето на границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали во мигот во знак на поздрав се огласуваа метафизичките камбани на минатото, камбаните на невозможното враќање, потонати во морето при големата преселба на дел од мојот народ Арбрешите во јужна Италија, во времето кога Азија ја пристигнуваше Европа?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не престанаа по падот на Отоманската Империја масовните прогонувања и преселби на народи од различна верска и етничка припадност.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И ете веков тече, а делбите и преселбите не престануваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не беше време за нова преселба. Не беше време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпосле, самата знаеш, Агна, дека тие малкумина колку што останаа по преселбите и по умирачките, годињево кога доаѓавме тука, и покрај својата затвореност, беа со тебе добри и пресретливи, а беа со почит, макар воздржано, и спрема мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само ним можеше да им ја довери семејната стратегија на новата преселба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му благодарам о, Боже, на морето што ќе остане да ја следи преселбата на моите зборови низ неизвесноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ќесето со каменчиња и со школките при преселбите некаде исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе