престапи св.
престап м.

престапи (св.)

Да било така лесно и безнакажано престапувањето на меѓународното право, досега државите денеска ќе примаа на себе разни задолженија и утре ќе се откажуваа од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тешко ми е и тешко престапувам, одвај си го наоѓам здивот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без нив не можеш ни да престапиш, кон никаде да се преместиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Престапувам, отстапувам кон џипот, а мислам дека не одам, дека на едно место стојам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Загледан во книгата, Пискулиев полека се заборави, и престапувајќи од нога на нога, што му чинеше добро на колената здрвени од стоење, по некое време тој изби во првиот ред на групата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)