престои св.
престој м.

престои (св.)

Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Овде е опасно да се престојува! - пак се јави колебање кај инженер Александар. - Треба да си одиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во Источен Берлин не може да се каже дека човек престојувал ако не ги погледал неговите музеи, можеби ако се нема време, не сите музеи, туку задолжително „Пергамон-музејот“, кој е на реката Шпре, која тече под него.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стопаните си прават реклама а пак на посетителите им прави чест да кажат дека биле во кафеаната во која, како гости, престојувале значајни француски личности од литературата, уметноста и политиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имав можност да престојувам во болницата „Фош“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа престојуваше неколку дена во хотелот и така се запознаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така ноќта ја престојав на нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали некогаш, порано, сум го гледала на сон, или некој роднина престојувал таму?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој тогаш престанал да се клешти. Се потпрел на крива ластегарка како да ќе го престои животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа го праша дали за овие неколку дена што престојуваа овде, веќе имаат одредено мислење што ќе биде со селово - каде ќе припадне...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во Северна Ирска младите под 18 години имаат забрана да престојуваат на места кадешто се точи алкохол, додека во Британија оние над 14 можат да влезат, но не и да консумираат алкохол, сѐ додека не станат полнолетни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Задникот е оној дел од телото каде што, според Кабала-та, престојува бесмртноста, и чија што дури и световна конотација задржала извесен призвук на светост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Едно утро, кога дојдовме во Фектори, вратата од темната комора во која Били претстојуваше полни две години за прв пат беше отворена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во земјата престојувале, една до две одбрани делегации, составени најчесто од солидарни партиски истомисленици во светот, од сталинистичките и маоистичките фракции на ултралевите комунистички партии во западните земји чиј фанатизам напати го откриваше реализиран „утопискиот рај” на комунизмот во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мене тоа ми се случи во почетокот на летото на 1993 година во провансалскиот град Арл во Франција каде што престојувував во еден мал преведувачки Вавилон, во еден мал дворец, заробен од вековната тишина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одев почесто и престојував подолго во текот на летните месеци 1961, 1962, 1963 и 1964.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во хотелот престојуваа членовите на сите странски делегации во земјата и многу генерации врвни политичари на земјата кои во голем број ќе бидат жртви на ненадејните судски процеси и ликвида­ции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Каранфилчето и сахаринот, сами по себе доволно одвратни, не можеа да го отстранат тешкиот мирис на зејтин; а најлошо од сѐ беше тоа што мирисот на џинот, кој престојуваше во него деноноќно, во свеста му беше неразделно измешан со мирисот на оние...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе