претежок прид.

претежок (прид.)

Борбата со српските интереси во Македонија е претешка не само за Македонците, коишто не располагаат со држава и државен буџет, војска, дипломатија и др., но и за слободна Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак, тој беше претежок за него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И узна дека главата, кога ги носи сите спомени, е претешка за нозете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Телото стана лесно, главата претешка, некаква внатрешна арматура попушти под тежината на ножот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега светлоста тешко ја поднесуваше на нозе, нејзиниот слап беше претежок за мракот во него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одело девојчето и плачело. Тешко, претешко му било. Каде ќе капнела солза, никнувало жолто, нежно цветче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го повлече со раката и се изненади. Беше претешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со тело претешко за одговор. Со раце плашливи за допир.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не ќе можеш. И за маска сум претежок.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се намовнува кожата, телото ми се тресе. Тешко е и претешко да легнуваш и да стануваш со опседнатоста од неуспехот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мразот полека почнува да се топи, а двајцата сме претешки за цврстината на ваков вид мраз!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Чекајќи го изгрејсонцето, на мојот полусвесен кантар, го мерев времето, ја мерев тежината на македонската сага: тешка претешка!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, српскиот селанец гледа само една причина за таквата несреќа: тој знае дека куќата ќе падне ако во темелите не се заѕида машко или женско, чии коски до Судниот ден ќе го држат врз себе тоа претешко камено месо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Товаров е претежок за да го носам сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)