преџвака св.

преџвака (св.)

Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Селото веќе баздеше од преџвакани лукови, труеше, корнеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Возејќи сега кон ешалоните што стојат построени, Коста ги преџвакува овие разговори и веста дека Нумо Дамовски е во Прењес и размислува што да направи наопаку за да го слушне од својот претпоставен она „Ај сиктер, паљопедо“22 и барем половина час да биде слободен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ништо од огледот за Калвино: по цел ден посети, сркање, кафиња, преџвакување исти разговори, зјапање во ТВ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дедо, дали од вчудовиденост или од гнасење, подолго молчеше и мене ми се чинеше дека тоа што го доживеа тешко му беше да го преџвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)