пржи несв.

пржи (несв.)

Пржи кокошка, пржи јајца на масло.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сукаме, готвиме, пржиме за Бугарчињата, си дојдоа Србјаците и Грчулињата и немаат ниет да си одат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овие рипки можат да се видат на сите трпези. Богатите ги пржат или печат јадејќи ги како мезе со вино.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На тоа лице онаа насмевка скоро и како да не беше болна, таа само ги тераше да солзат суво неговите граорести очи. И штипкаше со погледот, пржеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јајцата од птиците ги пржеше додавајќи им разни мирудии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Па, се разбира, рибите ќе му ги пржат, а тие на село често колат пилиња, па ќе лапа Мацко џигерчиња.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
До рибарите, што пржат и печат риба, се наоѓаат и тие што продаваат вода во ибрици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Имам една рана, вели, некаде внатре, не знам каде е, ама много ме боли, ме пржи. Умот ми го свалува, вели. А јас не знам што да му одговорам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И ние бегаме, продолжува Бошко, и од нивниот глас бегаме, вели, и од сенката нивна бегаме, а сонцето пржи, вели, и земјата се витка како тиквинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме пржат очите од лутина, целата сум подлутена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но со печењето и пржењето отровот се уништува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Воздухот е презаситен од миризба на јагниња што се печат, на риби што се пржат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Нема да го пржам, ќе го печам, и тоа на трска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен тоа, црвеноперката обично се пржи, а перкијата е највкусна кога се пече вдената во трска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти ќе го пржиш! - го фати на јадец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едни беа за пржење, други за послужување и сите си имаа розови лажици и виљушки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Суџуците таа самата со голем мерак ги подготви за инает на новиот Музафер-ага, ги измеша со јунешко месо и со разни мирудии, и откога ги исуши им даваше на децата да грицкаат сув суџук, за да не ги издаде миризбата при пржењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се враќаме дома, зајдени. А, ѝ велам на мама, пржи сега јајца...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе