прибере св.

прибере (св.)

Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТОМЧЕ: (Влегува, губејќи ја сѐ повеќе храброста што беше јо прибрал.) Татко...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А вие, клети ајдуци, од огин раци дрпнавте, пламенот уште не вивнал, и се во дворци прибравте.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се прибра и правејќи дека не го тревожи многу неговото идење, го погледна под око: - Јас ли? Мече. А ти ?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа нѐ потсетуе исто така на задачата со која што бездруго треба да се нагрби секој еден културен работник од нашата Народна Република, а имено: прибирање и печатење народни песни.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Илко и Доста се прибраа, и по слабата вечера, се најдоа на чардакот во постелата од нов посталач и нов покривач.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста, и без таа покана, го прибираше столчето и седна до светелникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман не му даде ни да се прибере: - Ти ли си тој што не плати! – му свика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги склопив очите и се обидов да се приберам раздвижувајќи го во себе испробаниот механизам на логиката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправи да се прибере за битка и се изненади.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се прибираше, раскажуваше како да чита туѓ напис. Војна. Април. Планина... ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ што имаше се исфрли надвор и сејмените прибираа што можеа да понесат, а што не можеа, кршеа, туркаа, сечеа со јатаганите, и расфрлуваа по двориштата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да бидеме живи и здрави, ќе ги прибереме и твоите родители и браќа кај нас, како што ги прибрав јас моите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се прибирам. Решавам. Станувам. Извинете. Сѐ ми е едно сега за другите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За час се прибра и одвај чујно, уморно му рече: - Не чекај ме, Драгане! Оди си, те молам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе