призрачен прид.

призрачен (прид.)

Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Призрачнава земјичка стануваше стојбина на призраци. Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)