приквечерина ж.

приквечерина (ж.)

Приквечерина е. Костадин сам и замислен, седи на миндерот со глава потпрена на прозорецот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Замира на запад бледата светлост: тоа сонцето пропаѓа во длабок сон пред студената приквечерина. Но до темнината е долго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Светлосната жица помодруваше, а заедно со ова неуморливо пристапување на приквечерината, гласот на Глигор добиваше нова упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во приквечерината кога мракот ги зафаќаше зафрлените агли, Глигор им се придружуваше на пејачите, пуштајќи го својот звучно тврд глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една приквечерина, додека го дишеа опојниот мирис на сеното, припиени еден до друг, некој мина крај кошарата и им свика: „Внимавајте, ќе го потпалите сеното...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Малата пеперуга Каја ја молеше мајка си, за првпат, да прошета сама наоколу, во една прекрасна топла мајска приквечерина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Најживо беше во трговскиот центар и веќе во приквечерината се решавав да тргнам кон станицата, која е многу оддалечена од центарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиво небо по кое се развласило потемно и посветло сивило во вид на развлечени облаци во приквечерина по бессончев ден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нејзиниот човек. Го помисли тоа лесно, без срам, прививајќи се до внучката, која, топло стуткана под ќебето, мирно ја преспиваше оваа тмурна, леплива септемвриска приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Шлаканицата на приквечерината го помодре лицето на улицата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Бумбарите летаат во приквечерините.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи