примирје ср.

примирје (ср.)

Јадоа сватовите, пиеја, играа, фрлаа пушки пиштоли, изгореа петстотини ракети од разни бои, — и за напад, и за отстапување, и за примирје, — и веќе предзори едни си разотидоа, други капалдисаа и позаспаа околу трпезите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ha ден Свети Илија се даде примирје. Да не се задеваме. Такви примирја се правеа и за Нова Година. Ни тие да пукаат, ни ние да пукаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Примирјето веќе е истечено и војниците се враќаат секој на своја страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во возот за Виена седнав еден септемвриски ден кога беше потпишано краткотрајно примирје.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Постои таков момент кога смртта и животот прогласуваат примирје - додаде тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Според условите на примирјето Бугарија требало да ја напушти Македонија и да ги задржи Струмица и Пиринска Македонија т. е. како демаркациона линија да се воспостави старата бугарско-српска граница од 1915 , пред нападот на Бугарија на Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)