приморски прид.

приморски (прид.)

Имав крајно успешни настапи во познатите солунски локали и околните живописни приморски места.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред нас се исправа Лаптокарија. Беше пладне кога навлеговме во овој приморски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес овој голем приморски град на црноморскиот брег е во исчекување на своите први летувалци и се подготвува да ја пречека новата сезона подобро од лани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Античките автори, од Херодот наваму, приморската Македонија ја нарекувале Долна Македонија, додека Горна Македонија бил внатрешниот планински дел.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)