приморје ср.

приморје (ср.)

За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3. Забележете дека публиката на големите надморски височини и публиката во земјите на север е претежно претпазлива во текот на изведбата, додека публиката во приморјето и во топлите земји ги изразува своите чувства било кога (кога ги има, секако).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многумина одеа и до Турција или до Јадранското приморје па и подалеку по Европа. Едо сам се снаоѓа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со новото име Кибиц ќе учествува во третата фаза на германската операција во освојувањето на брегот и островите на Хрватското приморје и дел од Словенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)