принципиелен прид.

принципиелен (прид.)

Во секој случај сите погледи и перспективи завршуваат во магмата на релативизмот за таму потполно да ја изгубат принципиелноста на сопствената методологија и мотивирачка визура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со фонографија се карактеризира онаа класа на системи на писмо, во која сигнансот на јазиците не корелира со универзалните појмовни јазички категории, кои принципиелно им се достапни на сите јазички колективи на определено ниво од културен развиток.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мерџанов да се заземе пред Егзархијата за да се назначат учители по македонски градови така како што предлага ЦК, се јавил сериозен спор што бил од принципиелен карактер по прашањето за односите меѓу атентаторите и ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога вселената&провидението во принципиелна коалиција со борците и Бранко се решат на една работа, тогаш тоа сигурно ќе се оствари.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
По изразената советска поддршка во однос на југословенско-бугарската соработка, британскиот министер Идн поставил серија принципиелни прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го прескокнав нејзиното лошо искуство дека со толку принципиелен човек, емотивец како мене нема да успее.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК