присебен прид.

присебен (прид.)

Дали сум присебен човек, или се во мене е ѓаволски испревртено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Важно беше да се продолжи да се гази внимателно и да не се заздишува и да се остане присебен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А еленот најблизок до него, одговори на еленски: - Господару наш, никогаш не сме биле поприсебни.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Секогаш беше присебен, бистар и трезвен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)