приспособлив прид.

приспособлив (прид.)

Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со Татко често запаѓаше во метафизички, теолошки разговори, но секогаш остануваше приспособлив на императивите на овдешната власт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Судбината на секој збор ги одвлекуваше во мистериозните патишта на својот долговечен, променлив и приспособлив живот меѓу луѓето, различните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)