присутен прид.

присутен (прид.)

Лебот кој и го става на глава еден од присутните го придржува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
(Свирачите прво ја свират аријата, потоа пеат прифатена од присутните.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Барам да го водите а присутните ги молам за сведоци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Присутните, почнувајќи од мудурот и дедот поп Глигорија, заплескаа со раце.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На Св. Кирил и Методија дадоа учениците приредба за родителите и за другите присутни селани.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Но те слушаат само просторот измерен и вечно присутниот мрак.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Смеј се само доаѓај ко ноќта присутноста твоја да е талас несетно в себе што ме крие.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сепак, сонот како горски сатир, невидлив и присутен, му ги полнеше ушите со магиски шум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Ами чаре, дедо попе! – повикаа во еден глас сите присутни. – Чаре, не чаре, тоа е!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сосема да ја избрише нејзината присутност во својата свест, да ја направи безначајна, до крај индиферентна. Свесно избегаваше да мисли на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа го имаше своето дејство врз присутните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Буден, а немаше никаква разлика дали сѐ уште продолжува да талка низ заутеноста, која не беше никаков сон, или е присутен на таа виделина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А можеби меѓу присутните и немаше добри пливачи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само впечатливата, крупна фигура на шумарот се издвојуваше од присутните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше во тој негов поглед и морална поткрепа и заштита и радост и гордост...и пак во таа сала во која скоро половина од присутните беа мајки, ја барав, ми недостасуваше мама...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вака беше присутен толку малку, толку формално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК