притрча св.

притрча (св.)

Помина подгрбавен селанец. Едно од децата притрча брзо, го повлече неговото магаре за уво и избега ширејќи ги рацете како да лета.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Господе, ме обрал, неспокојно извика таа и притрча до вратата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Полицискиот агент, новиот обожавател на инспекторовата ќерка, притрча и се фрли меѓу нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце: — Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите ѝ а клаваат синиата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра ѝ притрча и ја дочека: — Бре, добре дојде, невесто Досто. — Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го остави Мирчета и притрча кон огнот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш таа притрча молејќи го Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Не“, притрча таа кога агентот првпат го удри со тупаница и му го расече образот со остриот камен на прстенот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Детето малку заостанува. Би сакало да притрча и да се обеси на коњските узди, да се фрли пред колата. Но не го прави тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На сред двор им притрча Велика.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш тој ќе притрча, ќе го фати и право дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му притрчува Фезлиев и го придржува да не падне на земјата и да не поврати.) Одеднаш... Сигурно е од возењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Притрчува на прсти. Вратата, како да го очекува неговото допирање, го пропушта во темната утроба на магазинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа, пресреќен и радосен, притрча да нѐ гушне. Притрчавме и ние...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Војниците притрчаа и почнаа да рошкаат низ него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бојан притрча да му помогне. - Ете, гостите дојдоа, - рече шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се распиштеа и децата, а стрина му Кулевица ѝ притрча во помош: — Чуј, слепелнику ослепел, шо ќе направиш, мајка ти ќе си а удавиш!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Притрчаа некои од комшиките од зградата што се познаваа со мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе