прифатлив прид.

прифатлив (прид.)

Ми станаа јасни активностите со кои таа се обидела да го вообличи телото во прифатлива форма - во “послушно тело”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не е тешко да се пронаоѓаат, дури и да се предизвикуваат, но еден предуслов е обврзувачки: потребно е приклонување на луцидната мисла за прифатливите разлики ВО складноста, неплашење од случајната средба (која и не е тоа) на чадорот со машината за шиење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали им се чини прифатлив?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа ги прифатила овие практики како форма на самоконтрола и како суштински во трансформирање на нејзиниот живот во некој прифатлив облик - кој би бил израз на нејзината самоактуализација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или ако сакате - бирократизираниот уметник станува манијакален трагач по извесна СОЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ; вредност која иницира нов синџир на опсесивности потхранувани од еден многу разбирлив комуникациски систем што нуди прифатливи за мнозинството играрии во сферите на политичкото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Единствено уште организираниот туризам се чини како прифатливо решение.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од аголот на социјалната антропологија, денес се смета дека не постои една дефиниција што би била прифатлива за повеќето стручњаци. Маргина 36 135
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веројатно е сосема прифатлив човек со својот смешен манир поради кој не е ништо полош.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За композиторот на музика на удиралки секој звук е прифатлив; тој го истражува „немузичкото“ поле на звукот кое академиите го забрануваат и тоа во онаа мера во која е тоа можно да се направи мануелно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мао Це Тунг има идеја за постепено издигнување на она што е прифатливо за народот, така што примарната рамнина преминува во секундарната, па во терцијарната, ако се прифати неговата идеја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Војната, како што ќе видиме, го постигнува не само потребното уништување, туку го постигнува на еден психолошки прифатлив начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, таквото извинување изгледало нормално и прифатливо, но доколку тоа не се повторувало често.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во првиот момент изгледа за мене беше прифатлив ваквиот совет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наеднаш ќе произлезеше дека навидум прифатливите објаснувања се спротивни на секоја логика.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Енергичниот Татков поглед го прифатија Мајкините очи, со постојано меланхоличен израз, од кои сега зрачеше блага прифатлива топлина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На Татко оваа идеја му се виде прифатлива и чудесна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе