приход м.

приход (м.)

Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа оттогаш на „дедо“ Сталка работата му се олесни, а приходите зголемија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Основните приходи им се од оние, што тука летуваат. Од нив, најбројни се Југословените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сметките покажуваат дека е добро преку летото да се ослободи „животниот станбен простор“, зашто од приходите на туристите ќе можат да се решат многу проблеми во домашниот буџет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но во замена за тоа, покрај со воени давачки (носителот на титулата спахија да учествува во воени походи, плус да опремуваат еден војнички шатор, двајца коњаници и тројца пешооди) ги обврза и половината од приходите на Потковицата, во вредност од 94.000 акчиња годишно, нему да му ја даваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Портата, пак, незаситлива и вечно сомничава дека Акиноските, заедно со собирачите на приходите, ја поткрадуваат, одново ги зголеми борачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Ај, дојдете во Виена, ми вели Ханс, приходите с нами.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Клирот не може да се пожали: приходи. Но мирисот, мирисот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поради класата, приходите и вродените способности, таа не е достапна секому.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ми рече дека имал триесет и пет години, дека знае оти е крајно време да се ожени, но бидејќи нема постојани приходи, ниту посебен стан в град, а од Маказар веќе еднаш заминал, бегал од мислата за таа работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По година- две се сторија триста, потоа петстотини, осумстотини... Приходите се зголемуваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Приходите од увоз на пристаништето нагло се намалиле160.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
До 1880 година не се знаеле точно приходите и расходите во државата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаеше ибн Пајко, манастирот беше богат, имаше добри приходи од своите ниви, лозјата, стадата овци, и од шумата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се шепоткаше, навистина, низ Струга дека еминот има намера со приходите од рибите да си изгради еден уште поголем сарај од претходниот, и тоа токму на истекот од езерото, среде Струга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе