причува св.

причува (св.)

Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Нема кој да фаќа, знам, ама сепак причувајте го багажот, им рече на старецот и момченцето пред да тргне. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Причувувајќи се да не искаже и друга слабост, изблик на неконтролирана лутина, Мурад III одмавна со рака, а со тоа на сите во одајата им даде на знаење дека старецот му станал здодевен и дека може да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа го замолила некој чичко во близина да го причува детето додека се врати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги оставив торбите на една жена да ми ги причува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК