пријде св.

пријде (св.)

АРСО: Тогаш, коџабаши, земи уште едни очила, или пријди поблиску да видиш поарно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му даваше знаци да пријде.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беличот му пријде потсмешливо и бргу, ни окото да не му трепне, ја откорна пијавицата од ногата на другарот и ја зафрли далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Само пријди близу, со рацете сини сѐ ми кажи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се одлепи од тезгето. Му пријде прво на оној во износената туѓа облека и се наведна над неговата празна чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (Му приоѓа на Фезлиев, го растресува за јаката од палтото и го фрла во најблиската фотелја.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да им се пријде така блиску, секому поодделно, да се сфатат, а после да им се помогнува, да им се покажува што е тоа, а после да ги гледаш како растат и постојано да ги држиш за раката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Единствен долномаалец што се предомисли и ѝ пријде на Бузовата дружина е Марко.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се разврте кметот околу прозорецот, запуфка со лулето шумно и неспокојно, а потоа пак му пријде: - Добро, да речеме дека за тоа не знаеш ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тоа време се чу сигнал од радио-станицата. Англискиот офицер ѝ пријде на радио-станицата и рече нешто на англиски јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можеби уште тогаш требаше да замижам со очиве, да поголтнам, како што е ред, и да ви пријдам под стреата каде што ме чекавте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Децата на светот Косоокиот Чук Нам, рибар од секната река, на сонце во Виетнам болувал и ни болничар ни лекар да му пријде не позволувал.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сликарот се издвои од луѓето и му пријде. „Што си ти?“ „Сликар“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Завршува со премачкувањето на еден светец. Нечујно му приоѓа на Михајло зад грб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Влегува Елена. Пауза. Тишина. Го загледува Михајло. Му приоѓа. Му го допира образот. Михајло збунето ја гледа.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе