прогресија ж.

прогресија (ж.)

Метеж од муви кои се намножуваат според геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мелодрама Не, доволни се двајца нема место за повеќе и кога би можеле да го измениме и кога праведно би го поделиле Имотов, секому на три, на два, на еден не би било исто ни делот, ни целоста ја имаме сите ние со празни раце ништо немаме штом пасијата стане посесија геометриска прогресија - хаос.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Каква е таа невозможна и неопислива комбинација на безгрижна-самозаљубеност, отуѓена- загриженост и асоцијална- прогресија? Со еден збор, анализа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во тој случај требаше да нарасне неговата библиотека со геометриска прогресија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во делот на исплатата на испратнината се интервенираше само еднаш, но очекувано со оваа измена продолжи трендот на негативната прогресија кај ова законски утврдено право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ваквата измена дојде до намалување од цели 8 часа(!) на минималниот период за одмор и уште еднаш се покажа генералната, негативна прогресија, при измените во трудово-правната материја; г) со усогласувањето на прописите од ЗРО и ЗПИО,30 се предвиде дека работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има право на скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор (чл. 29 од ЗИДЗРО/фев.13). 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)