продаде св.
продаден прид.

продаде (св.)

И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше ошел ти на пазар во Прилепа града да продадеш осмак жито, жито и пченица...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Мајстор бев и устабаша мајстор бев - станав чираче: за борч продадов дуќанот за борч продадов алатот - с две раци сум, и тија две скапаја сѐ без работа! 7.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
САВЕТКА: Ааа... за тоа ли ти спа кај неа, за врска да ти послужи со Илија? Да те продаде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А можеби и ќе ги продадеме. Убави парички, а?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ами коа била таа душа шо си а продала кошулата од грбот, да ѝ е арам? — праша Доста небарем не ѝ текнува откаде е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега Бино беше мирен, бидејќи и Јован им се продаде на Србите, та немаше кој да му забележува и да го гони ако ставе некој „лимпрч“, како што се изразуваше за државните преврати самиот Бино. Јована пак, страшно го печеше Биновата положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Старче, продај ни уште малку ракија. Тежок пат не чека“. проговори некој од него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За колку сум купил за толку и ќе продадам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вие не сакавте ни збор да чуете од мене И сите туѓи раце оставени врз моето тело. Им ги поверивте на своите остри коси. И ги продадовте за една обична дневница.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каде да го ставиме кога спиеме со свиткани коленици?“ „Продајте го“ , им предложи и виде дека за миг го облеа надеж. „Познаваш ли некого што ќе го купи?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ме сметаш за курва. Мислиш дека сум го домамила в клопка. Ајде речи ми - курво, го продаде за шепа сребреници.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вие однапред сте ја продале и неговата смрт.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И како поскапо ќе му се продадат и на Дворецот и на црниот ѓавол, ако затреба.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Продај му ја брадата. - Отров има во тебе, несреќа носиш во себе!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе