продолжен (прид.)

Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолженото детство на Зборот опстојува во движењето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Семејството беше станало, практично продолжена рака на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Кога животот би бил одмор, а не напор, и кога живеењето би било продолжено летување!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа беше една од продолжените форми на нивната љубов, која не можеше да заврши, за која и самата смрт како да не беше дефинитивна пречка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе остане само твојот метафизички немир гребнатинките, перцето време врз тетратките и фреските продолжениот одѕвон на зборот твојот неспокој, и кога сликаш и кога кршиш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И токму на тој начин таа го разубавува сувопарниот миг од работните обврски, несвесно дури преточувајќи ја и сета техничка терминологија во една продолжена, незгаслива метафора.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)