промислен прид.
промислено прил.

промислен (прид.)

„Маргина“ (= Темплум) е паразит врз големото тело на Сорос- чудовиштето кое (питомо, неспретно, чудесновишно, промислено, обои по желба) чекори кон некаква си идеалистичка анаформоза од утопија, гибсоновски наречена дистопија или бодријаровски: скиомахија (борба со сенка).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А книгите колку што ги заштитуваа мајчините молитви, толку ги бранеше и татковата промислена стратегија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Настанувањето на светот е Божја, промислена желба.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Политиката на Хенри Кисинџер, чекор по чекор во решавањето на палестинското прашање, која беше наложена Мировната конференција во Женева, многумина ја сметаа за совршено промислена стратегиска стапица, која Јасер Арафат не ја разбра или не сакал да ја разбере и во која на крајот ќе се најде во лажниот излез од лавиринтот, во својата Палестина, како претседател, но всушност тоа ќе биде неговиот кафез во Рамалах кој ќе го напушти неколку дена пред својата смрт, се разбира со дозвола на израелскиот водач Ариел Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш неговите вилици го испуштија глушецот со еден вид промислена индиферентност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)