пропаганден прид.

пропаганден (прид.)

110. Тој неуспех не ги обескуражи одважните Срби: Друштвото „Св. Сава” отвори патриотска потписка во Србија за изградување нова зграда на друштвото за пансион и за свое пропагандно училиште.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1890 год. се издигна голема трикатна зграда во која од јануари 1891 год. се отвори пропагандната „Богословско-учителска школа”, за да се затвори по половина година.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Патриотското пропагандно друштво „Св. Сава” од 1888 година отвори пансион за своите ученици стипендијанти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жива пропагандна дејност развил и преку некои софиски весници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ми со години го криеше неговиот глас, првин од нас, неговите деца, од мајка ми, за да не сее премногу немир во нашите души, првин сакаше да ги филтрира тешките пропагандни пораки, кои секогаш целеа да ги доградуваат душите на луѓето како со чекан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некомерцијалните станици немаат право да емитираат пропагандни пораки, но можат да се поврзат со спонзори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По тие 150 секунди сите три станици емитуваат четири пропагандни спота.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Која е минималната цена да изрецитираш куса пропагандна порака за било која партија?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Винстон добро го знаеше местото. Сега беше музеј што се употребуваше за различни пропагандни изложби - модели на ракетни бомби, на пловни тврдини, на восочни фигури што ги илустрираа злосторствата на непријателот и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие сметале дека не би требало да има еден општ пропаганден план за Балканот кој не би водел сметка за различните карактери и политички ситуации на петте држави на кои тој се однесувал т.е. Романија, Југославија, Бугарија, Турција и Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Националните и пропагандните разлики се повлекоа и Комитетот во секој случај не ќе пропушти да го искористи таквото расположение на христијаните.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
_____ 1 Universum Film AG, или UFA – филмска компанија основана за пропагандните потреби на германската армија како во Првата, така и пред и во Втората светска војна и покрај тоа што во меѓувоениот период, кога била приватизирана, под нејзиниот знак се создадени голем број антологиски уметнички филмови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Несомнено, промената на името во ОСС претставувало напуштање на „белата“ пропагандна мисија, но истовремено тоа претставувало и реализирање на желбата на Донован за име што ќе го покажува неговото чувство за „стратегиската“ важност на разузнавачката служба и на тајните операции во современата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На тој начин Рузвелт ги поделил „црната“ и „белата“ пропагандна мисија и еден дел од постојано вработените биле испратени во новоформираната Служба за воени информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе