пропуст м.
пропустлив прид.

пропуст (м.)

Овие пропусти на младиов славист главно не ги среќаваме во подоцнежните негови пишувања, ако се исклучат некои од неговите последни статии (1923-1925).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се биде во Келн, а да не се види оваа знаменитост навистина претставува пропуст се разбира, катедралата секој ја посматра од свој аспект, но секој во неа ќе пронајде нешто што фрапира - нејзината големина, височината на кубињата, релјефите, оргулите и нејзината акустичност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби признавањето на обратните различни пропусти во животот многу нив ги зближи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Запираше пред вратите на скривалиштата. Низ пропустите на металните врати гледаше во очите на темнината, во очите на илјадници кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И понатаму би постоел сив пазар кој би ги задоволувал потребите на младите, но тој пропуст би претставувал помал проблем од проблемот со кој нацијата денес е соочена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето од фирмата ветија дека до доцната пролет, кога ќе може без пречки да се работи, ќе ги проучат уште еднаш детално нацртите и ќе додадат сѐ што би било потребно, за да не се направи некаков пропуст и уште дадоа гаранција оти ќе одделат доволно машини (се рече дека ќе се ангажираат три копачки машини „мерцедес“ марка: едната за теренот во планината, другата за делот од планината до селото, и третата за во самото село) и доволно луѓе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имам чудна склоност да не им се лутам на луѓето за сторените пропусти толку, колку што се лутам и се јадам самиот себе за сопствените.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се присети дека со женската интуиција лесно ги насети опасностите и стапиците и се обиде да му укаже на пропустите и на грешките. Залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уставниот суд на РМ ја укина одредбата којашто, поради техничка грешка, пропуст или, пак, правничко незнаење, се наоѓаше во оваа законска одредба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не сакам да ме разберете погрешно, јас воопшто не верувам дека во вашиот случај станува збор за таков вид пропуст“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова не е пропуст или незнаење, туку намерно го направив со цел читателот да вложи личен труд во дополнувањето на списокот кој го обележува македонскиот влог во сопствената трагедија и пораз, во сопственото уништување и по заслуга на сопствените водачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, факт е дека иако во Договорот за работа пишуваше дека нема отказен рок, самиот судија ова го потенцираше како правен недостаток т.е. пропуст на договорот и предочи дека законски мора на работникот да му се даде отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа што сум човек и правам пропусти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Прости ми ако сум директен виновник за твоите загуби и пропусти. Знаеш дека директно немам ништо со тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ваквата нова формулација внесува низа на нелогичности и пропусти кои може негативно да се одразат врз правото на заштита од дискриминација на работникот, бидејќи посебно проблематични се областите „услови за работа“ и „еднаква исплата за еднаква работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)