проретчи св.

проретчи (св.)

Косата на тоа теме се проретчува, призна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Длабеа тие по тој одвај проретчен врнеж натаму меѓу стеблата, две црни прилики, две црни топки, една по друга, сѐ повеќе личеа на сенки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Газиме преку батаци и мртвици, се искачуваме низ красти и скрки, низ проретчени шумички...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полека глутницата се проретчувала. По шумите гниеле заклани волци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воените и полициските патроли беа проретчени, но не беа како првиот ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сенките побрзаа една кон друга. Се споија. Се стемнуваше. Минувачите се проретчија. Брзаа кон своите куќи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Муграта ја проретчи темницата. Ја просеа низ сито.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Проретчија и средбите со Рада. Во Скопје одеше само двапати во месецот. Но, работа немаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)