проституција ж.

проституција (ж.)

Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Минатото време на тој латински збор ги создава: „статус, државен апарат, институција, крутост, статично, статистика, проституција, реституција, конституција”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во филмот My hustler од разговорот на учесниците (кој во најголемиот дел од филмот се одвива off- screen) дознаваме дека Пол Америка, предметот на нивното упорно набљудување (и желба) се занимава со проституција со машки; најинтересен момент е кога во купатилото ќе му падне пешкирот што му стои околу половината.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проституцијата е тотална, електричното осветление исто така.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таму има подмитување, протекција и рекетарство од секаков вид, има хомосексуалност и проституција, таму има дури и забранет алкохол правен од компири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Премолчано, Партијата беше наклонета дури и да ја поттикнува проституцијата, како еден вид вентил за инстинктите што не можеа да бидат целосно потиснати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дали сте подготвени да мамите, да фалсификувате, да уценувате, да ги расипувате децата, да растурате дрога што создава зависност, да поттикнувате проституција, да ширите венерични болести... да правите сѐ што може да предизвика деморализација и слабеење на силата на Партијата?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Авторот со овој свој придонес за проституцијата ништо не заработи за да плати некаков данок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Проституцијата се одвива сред бел ден, токму пред очите на граѓаните, а надлежните власти не се способни да го решат проблемот - гракаше новинарката, секако со лична нота во кажаното.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никако не можеше да ја разбере нејзината вклученост во борбата за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаев дека бев бележана заради мојата вклученост во организираната акција со која на проституцијата требаше да ѝ се обезбеди третман на професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)