проштава несв.

проштава (несв.)

Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но тоа што ни се проштаваше досега, не може да ни се опрости за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Проштавај, куме! Што дал господ! (Вади од пазува раскречена виљушка, набодува една дробенка и му дава на кумот.) На, куме, мезе! Декшавај!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Проштавај, чорбаџи, не сум видела, една мала дамка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Многу сум ти пијан, проштавај! Трештен пијан, пијан како земја в пролет.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гледав дека сите се потскиселивте, ама кому му одело на ум дека сум грешил. Проштевајте.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повелете. Проштавајте, ич низ ум не ми помина...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Е, проштевајте штом било така. Сум грешил.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не ли ти кажав, не ли ти кажав, не ли ти реков на проштавање?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И тоа го направив во неделата. Проштевај што со тебе, која не си ни најмалку крива, постапив вака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тогаш се проштава таа со својот роднина, за кого ѝ е жал и плаче, и му го фрла дарот на рамо, подарен од зетот, а девојките ја пеат песната: „Мила ми мила — таткова рода".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто дедо Геро и не се сложи со некои селани кога рекоа ако не можеле да го убијат Лумана, тогаш зошто да му проштеваат на Бошка Манев кога тој секогаш им е в раце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Далеку од селото, под оскорушата, низ гранките на која се пробиваа јадрите капки вода - се проштаваше Веле со мајка си, вдовицата Кита.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Проштавај, апсанџијо мој, тоа сум што сум и ќе бидам пак тоа. Сложи се со тоа, па да има слога меѓу нас“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таков навлегувал и во куќите на балистите, со кои до неодамна се војуваше, а сега или беа изгинати, или избегани, или пак позатворени, а тој вршел претреси и кажуваа потоа, не им проштевал многу на оние, што ќе ги нашол дома и на жените.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да им каже дека тој тука нема што да им проштава дека тоа треба да си го сторат самите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проштевај, не те познав! Многу си се изменил, си се испрашил...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А за она кај пругата, проштевај, брате, но ти сакаше да ме каснеш.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Повеќе