проштален прид.

проштален (прид.)

Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тестамент, последна молитва, проштално писмо до една мајка? - Писмо до царот твој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Павле, ти се плашиш! Те гледам јас. Ти пред малку така проштално и страдално гледаше во мене.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не е некој на умирање, си мислам, па му пеат проштена молитва!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прошетавме проштално – плажа, чадори, бранови...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Напишав проштално писмо и го оставив најгоре во сандакот, каде што ми беше чеизот и меѓу другото забелешка „Ако останам жива – добро, ако пак загинам, од чеизот да им се даде на децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кумот повеќе пати се присетуваше на таа последна средба што ја имаа со тебе: „Колку беше расположен таа вечер, како да сакаше да ни приреди проштална вечер…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)