проѕре св.

проѕре (св.)

Хегел исто така утврди дека оваа основна и сеопфатна закономерност на природата и општеството не може да се проѕре, да се разбере и објасни ако се применува метод што би бил статичен и би оперирал со крути, апсолутни поими и постулати.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Прерано ја прозре пролетта. Презимуваше во премногу глави, ги гасеше утрата во преполн пепелник. Ги распоруваше моделите, ноќите, годините...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Зар мислиш не проѕрев во твоето срце и не видов колку ме сакаш?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Голдштајн го изговараше својот вообичаен отровен напад врз доктрините на Партијата - напад толку изнасилен и перверзен, што дури и дете можеше да го проѕре, а сепак доволно веројатен за да го исполни слушателот со неспокојно чувство дека другите луѓе, на пониско ниво од него самиот, би можеле да му поверуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Аха, сторив јас“, а тој, бидејќи виде оти го проѕрев дека сака да ми ја потцени варта, налутен си замина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како го проѕрел оној автор на поговорот кога вели дека тие добри намери, кои Симон му ги припишува на својот јунак, се всушност плитки и самозалажувачки, дека зад тоа стои една неизлечива ароганција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам дека луѓето се суетни, прости и алчни, но не сум знаел дека овој проклет свет околу мене ќе се дрзне да ме одгатнува и, уште да смета, дека ме проѕрел?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога по завршувањето на претставата, во гардеробата ќе ја праша зошто така лошо го интерпретирала ликот на Јулија, таа му се исповедала: „Вечерва прв пат во животот, ја проѕрев шупливоста, лагата, будалаштината на празната приредба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не се обидува да проѕре низ стилот на предметот до неговата содржина, да го разлачи неговото успешно естетско остварување од неговата одбивна политичка порака и од неговата вплетканост во еден омразен општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)