прст (ж.)

Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А-а! Ами ти што? Андон ги избриша со два прста влажните краеви на устата и пак плашливо затрепка; секогаш кога ќе се смееше, од ситните очи му навираа солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помеѓу нас седна Марија и нежно со два прста ме повлече за коса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А Богоја, го паметам, маж беше. Расправаа: срце имал големо како глава од теле. Со два прста вреќа зоб кревал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прстите на дајреџијата сами запреа да удираат по дајрето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се допаѓаше да го трие со два прста нејзниното мало, розово уво. „Го лажеше со други...“ Таа зачудено го погледна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XXIII. Беше скован во цврст чардак, со три прста опрашка од пепелав снег одозгора, и чкрташе под неговите стапала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа го исправи од петиците сѐ до врвот на главата, и уште повеќе се зачуди: веќе поголем цели два и пол прста! Мајко моја!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе го земам вашиот свет, ќе ги испразнам водите, ќе ги ставам планините на нивно место, Еверест во Пацифик, ќе го стуткам заедно со сета флора, фауна, народи и народности и ќе го отфрлам меѓу два прста како мрсул.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АНДРЕЈА: Реков. (Пауза. Димитрија делкајќи го своето дрво го сече прстот. Пцуе под мустаќ. Ја цица крвта.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прстите на десната рака како да сакале да исцедат капка од дршката на секирата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Левата нога ми е четири прста пократка. Три прсти отидоа.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Можев да ги движам само прстите и беспомошно да трепкам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Прстите му помодреа и не го додржаа, го пуштија и се слушна како бапна таму внатре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кон мензата на градежното претпријатие Бетон беше придодадена една одаја, ѕидана, легната на самата земја, оти душемето на одајчето од надворешната кал ја делеше само едно прагче два три прста дебело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Два прста од неговата десна рака беа измачкани со мастило.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе