пукне св.

пукне (св.)

Ал' не слушајат му молби Турци крвопијци, пушка пламна, пушка пукна в турски раце клети, зрно оловно продупна белите му гради.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Бидејќи лоши многу биле децата, го удриле од земи старецот и беше му пукнала жолчката на часот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Значи, започна… Пукна првата пушка… Долгот кон татковината… (Се засмејува и пак се изгубува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
КАРАМАН АТАНАС: (Доаѓа сам, пијан, придружен од Цигани свирачи). Ах, бре, стрико Марко!... Да пукнам, како орев да пукнам!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе пукне глас низ село...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТОМЧЕ: Зошто така ме пукаш, Стојанке? Ќе пукнам од мака кога ми зборуваш така!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Оф, главата! Ќе ми пукне главата... Дамла ќе ме удри! Оф, отидов од рака, Арсене!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: (им ги фаќа и тргнува рацете). Што се срамите, речете му на крсников со здравје. Спасо, да пукнеш, ти барем си поголема, речи!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
При кревањето на завесата време зора да пукне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Уф, не можам веќе да издржам, ќе пукнам од мака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лицето на Кузмана се црвеше; стенкаше како да ќе пукне под стискањето на брадестиот бездомник, а пукаше палтото на овој, другиов, како некој однатре со нож да го пара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од пеењето ќе му пукне малата душичка и тој, со капка крв на клунчето, ќе се стркала од лисјето во бујната трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Еве, да видиш, не само што ја гушкам, ами и ќе а бакна, — а де? Пукни , да пукниш, ќорла една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пролетта пукна и сѐ оживе. Во Старчевото градинче пчелите заработија и како да им зборуваа на децата: „Гледате ли ние колку се трудиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последната што ја чу Доста беше: — Пукнало да пукниш, копиле ниедно, душата ми а попарите, некоа сипаница златна да ве вати, да рече господ златен!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хе-хе-хе-хе ... онака ситно-ситно како што умеел тој и пак си продолжил да си јаде, а Митре да пукне од смеење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За ова со Бошка тој реши да ја сврши работата, ама кај него да не оди – па макар пукнал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе