пумпа (ж.)

Под чардачето бунарска пумпа зелено бојадисана, масичка со столици и безброј саксии наоколу.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Облечен е ко работник на бензинска пумпа, малку-по малку и станува работник на бензинска пумпа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа ги измиваше рацете на пумпата, која веќе долги години суво кашлаше, и ја оставаше старата да го стави на огнот танкото варилце за ручек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие паметеа милиони бескорисни работи, некоја кавга со колега, потрага по загубена пумпа за велосипеди, изразот на лицето на некоја одамна умрена сестра, виорот од прав во некое ветровито утро од пред седумдесет години: но сите важни факти беа надвор од нивното сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите знаеја дека тие места се поради издувните гасови: крстосницата кај народна и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, кај плоштадот Слобода и кај бензинската пумпа на Авто-мото сојузот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа Едо уште еднаш се вслуша во работењето на моторот и му рече на чичко Васка: „Треба да купите нова водна пумпа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Цревото ја дави метлата, месото чека кеса ќумур од блиската бензиска пумпа, мразот се топи во сѐ што е потопло од него.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во последно време во одајата донесуваше туѓ мирис што не го спираше ни сапунот ни студената вода на дворската пумпа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Малите мотели, салуни и бензински пумпи како ретки островца се издигаат над тој правлив океан, во којшто видливоста досегнува подалеку од човечкото око, а природата те опоменува дека во животот можеш да бидеш само емигрант, никако турист.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На пример, за време на првата Заливска војна, тој проектираше слики на скелетни раце, од кои едната држи митралез, а другата пумпа за бензин, врз Arco de la Victoria во Мадрид, заедно со зборовите „Cuantos?“, на тој начин „прашувајќи колку? (цената на бензин) но и колкумина? (бројот на жртви)“ 145.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога наближија кон пумпата Радуле ја зрграпчи рачката на железото а Стојна се напупи веројатно за да се плисне и да си го разлади спотнатото лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Директно, спроти пумпата, се наоѓаше „Потковица Авто Двор“, сопственост на Сам Сенд, со мали куќички што се граничеа со „Нахрани го стомакот“, сопственост на Бланш Рид, гостилница каде што сѐ уште се служат сендвичи со топол пржен стек, за само педесет центи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој знак, од кој тврдам дека почнува мојата приказна, е патоказ од тврда, жолта и наместа згрбавена ламарина, испишана со кирилични букви: Франкфурт – натпис кој сериозно добро го погледнав додека автобусот кој ме враќаше од Скопје шмукаше бензин на пумпата пред родниот град.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Крнтијата го продолжи своето трескаво патување, по патот покрај бензинската пумпа каде што работеше братучед ѝ Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе