работа (несв.)

Еве, и така јас ќе одам до каде вујка ти, а вие работајте си и, место да водите какви и да било разговори од љубов, пејте си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Работам и прекувремено. Можеш и ти да се вклучиш кај нас, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Презирот? Гадењето? Љубовта? Најпосле, пријателството? Работата. Тука сум за да работам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И покрај напредокот на науката и технологијата и нивните оптимистички ветувања за убавиот нов свет, кадешто ќе работат машини наместо луѓе, во 1993 година во развиените западни општества живеат во сиромаштија повеќе деца отколку пред две децении.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Везден сум работал, сега ми се јајт, сакам да вечерам!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тије, мајка и ќерка, секога си седеле крај огнишче и си работале, си пределе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)