разгорен прид.
разгори св.

разгорен (прид.)

Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу веќе и сновеа околу него. Беа уште поужасни со тоа што можеа да им бидат видени само по две разгорени синикави точки на нивните очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ уште ја држеше разгорената гламња во рацете, сѐ уште очекуваше изненадување, па ја фрли гламњата дури откога се качи на чардачето и од високо убаво ја разгледа околината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во сопчето е светло. Дали од разгорениот оган или од сонцето?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во Гостинската одаја, околу веќе добро разгорениот пампур се распоредуваше челадијата и домаќинот почнуваше да им ги кине главите на врапците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе го искапам и ќе го топлам над мангалот, полн со разгорен дрвен јаглен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пријатно беше дома, убаво мирисаше лебот што се пече, жареше разгореното огниште, играа одблесоците од пламенот по зачадените ѕидови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Притоа по лицето му помина отсјај од разгорен оган, во очите му забележав црвена точка како отвор на цевка од револвер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога Господ Исус Христос ќе се појави од небото со моќните ангели свои, со разгорен оган, ќе ги казни со вечна смрт сите оние што не сакаат да го признаат Бога!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со своите необмислени и пребрзи потези тој ќе долее масло врз разгорениот огин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А мојата душа плаче, како разгорена искра на тага.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ПЕЈСАЖ Простор со омраза меѓу две разгорени тела...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Низ мускулните ѕидови продираа неговите слатки зборови и оставаа траги во јазелот на мостот оставаа дамки на запалена цигара врз хартија или допир од машки раце Нож ли беше во темниот мрак каде двете тела разгорени се влечеа?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Откако го докусури јадењето прилегна до разгорениот шпорет, заборавајќи ја надвор студената мартовска вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја поднамести десната рака, а левата ја префрли така што да ја засолни од ноќен повев, да ја стопли со пламенче во неговите гради разгорено.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јани, коленичејќи, па ченгелот обеси ѓумче и почна да дува во одвај разгорените огпичиња, плука настрана, со валканата дланка, ги брише солзите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе