разграден прид.

разграден (прид.)

— „Ајде море да преврла, белки ќе најда некое суво дрво да занеса за вурната!“ — и го потера магарето нагоре. На самиот Трибор ја сретна потерата од десет петнаесет аскери со Сулиман чауш, задишани, разградени, распењавени: слегуваа долу Шопковото бачило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште не ти исчезнале од душата печатите на непријатните студени дни, а веќе по улиците и булеварите божилак од женски облеки разградени, тенки, проѕирни, шушливи - милина!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На другиот ден од свадбата, негде по полноќ, почнаа да си ги запетлуваат разградените кошули и најблиските роднини и пријатели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш забележа дека и балконот е скоро разграден, одвај на него се држат уште неколку тараби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лежи на плеќи дополу разоткриена, со блузата разградена, дојките обиснати кон мишките, целата запалена така што топлината што зрачи од неа веќе благо ме допира онака застанат над нејзиниот кревет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)