раздувува несв.

раздувува (несв.)

Пријатните денови и среќните доживувања многу побрзо ги раздувува заборавноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тешкиот мирис на крв, гној и хлороформ, без престан го раздувува ветрецот што дува од кај ливадите на Долна Арена и со себе го влечат двете рекички што се сретнуваат на крајот од котлинката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)