разлигави св.

разлигави (св.)

Илко се наведе, и ја исправи главата меѓу своите плускавичави раце, ја погледа во плачните очи, се разлигави и тој, и со пригушен глас, глас на човек што ја постигнал својата цел, рече: — Е, Дочко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не може јазикот да си го собере. Ја разлигавил муцката, уплашен е од стравот наш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудно живинче ти било човечиштево: оди кај оди и дувни, расплачи се, разлигави се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)